Политика на приватност

Какви информации собираме од вас?

Кои лични податоци ги собираме зависи од тоа како ја користите оваа веб страна и кои информации ни ги давате.

Контакт страна – За да стапите во контакт со нас, можете да ја користите формата за контакт што е достапна на веб страна. Овде бараме од вас да ни го дадете вашето полно име, адреса на е-пошта и вашата порака(може да наведете и име на компанија).

Информации за уредот – Ја собираме IP адресата, датумот и времето на посетата, колку долго сте останале на нашата веб страна, URL-адресата за упатување (ако дојдовте на нашата веб-страница преку друга веб-локација или реклама), страниците посетени на нашата веб страна, тип на прелистувач, тип на уред, верзии и оперативен систем, кога ја посетувате веб страната.

Претплата – Кога се претплатите на е-билтенот бараме од вас да ја наведете вашата емаил адреса.

Зошто и како ги користиме вашите лични податоци?

Обработка, потврдување и исполнување на вашата нарачка, вклучително и потврдување на плаќањето, ажурирање за статусот на вашата нарачка и испраќање на нарачката до вас;

За успешна интеракција со нашите клиенти – Кога ја користите нашата платформа, ние ќе ги користиме вашите лични податоци за да го обезбедиме бараниот производ или услуга. На пример, ако купите на trendyshoes.mk или учествувате на настан или промоција, ќе ги користиме информациите за контакт што ни ги давате за да комуницираме со вас во врска со купувањето, настанот или промоцијата. Ако контактирате со нашите услуги за потрошувачи, ќе користиме информации за вас, како што се информации за испорака, плаќање или производот што сте го купиле за да ви помогнеме да решите проблем или прашање.

Ги собираме информациите за вашиот уред со цел да се осигураме дека веб страната функционира правилно и да ви обезбедиме висококвалитетна услуга кога ја посетувате истата и ги користите нејзините функционалности. Исто така, користиме колачиња и други технологии за следење за да го подобриме корисничкото искуство. Можете да најдете повеќе информации за тоа како ги користиме технологиите за онлајн следење во нашата политика за колачиња.

Кои се вашите права за лични податоци?

Би сакале да ви обезбедиме брз преглед на вашите права за лични податоци:

Пристап – Можете да побарате копија од вашите лични податоци од Trendy Shoes во секое време. Освен ако не е поинаку наведено, ќе ви дадеме копија од вашите лични информации во електронски формат.

Измена на вашите лични податоци – Имате право да побарате ажурирање и корекција на податоците од Trendy Shoes за управување со вашите претплати.

Отстранување – Имате право да побарате да ги отстраниме вашите лични податоци од нашите системи доколку одлучите дека повеќе не сакате да комуницирате со нас.

Деца

Ние се придржуваме до локалните закони и не дозволуваме деца да се регистрираат на нашата платформа кога се под законската старосна граница на земјата(14 години). Ќе побараме родителска согласност за децата кои учествуваат во искуства и настани на Trendy Shoes.

Промени во политиката за приватност

Применливите закони и нашите практики се менуваат со тек на времето. Ако одлучиме да ја ажурираме нашата политика за приватност, ќе ги објавиме промените на нашата платформа. Доколку материјално го промениме начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, ќе ви обезбедиме претходно известување или каде што законски е потребно, ќе побараме ваша согласност пред да ги спроведеме таквите промени. Силно ве советуваме да ја прочитате нашата политика за приватност и да се информирате за нашите практики. Оваа политика за приватност последен пат беше изменета во февруари 2023 година.