Рок за замена или рекламација
Рокот предвиден за рекламации или замена на продукт е 14 дена, сметано од датумот на приемот на продуктот.
Замена на продукт
Секој продукт купен од онлајн магазинот на Trendy Shoes, може да биде заменет во горепосочениот рок. Доколку сакате замена за друг продукт или големина , Ве молиме испратете го веќе купениот продукт на следната адреса: град Делчево, Булевар Македонија 43, салон за обувки Trendy.
Курирските трошоци за враќање на стоката ќе бидат на ваш трошок, освен во случаите на:
- Дефект
- Погрешна големина/модел
Откако ќе биде примена пратката, нашиот вработен ќе ве контактира за да ги наведете посакуваните производи за замена.
Напомена: Производот не смее да има траги од носење, да биде валкан, перен и мора да биде со оригиналната етикета, во спротивно замената нема да биде извршена.
Рекламации
Рекламации може да се поднесуваат во случај на: пронајдени производни дефекти на стоката или погрешно пратени продукти, различни од нарачаните. Рекламациите за продукти оштетени при транспорт се разгледуваат само врз основа на протокол за жалби изготвен во присуство на доставувачот. Во случај на рекламација, продавачот ја презема вредноста на курирските услуги на негов трошок, од што треба да го контактирате нашиот оператор за да го одредите начинот на враќање.
Препорака
Пред да се одлучите да рекламирате или замените производ, Ве советуваме да нè контактирате на еден од посочените контакти:
Мобилен телефон: +389 77 937 979
Емаил адреса: info@trendyshoes.mk
Инстаграм
Фејсбук