Услови на испорака

Испораката на вашата нарачката се извршува во неколку чекори:

1. Поставете ја нарачката на нашата веб страна. По завршената нарачка, ќе добиете автоматски емаил со деталите за вашата нарачка. Вашата нарачка оди во статус: „Се чека потврда“.

2. Потврда. Нашиот оператор ја проверува и потврдува достапноста на производот во магацинот(поради ажурирање на залихите на секои 2 часа, возможно е во многу ретки случаи, бараниот модел, веќе да е продаден во тој период и да нема залиха од истиот). На оваа фаза вие ќе добиете потврден емаил и вашата нарачка преминува во статус: „Потврдено“.

3. Обработка. Вашата нарачка е пријавена во магацинот и од тој момент не може да се направат промени на неа. Вашата нарачка преминува во статус: „Се обработува“.

4. Испорака. Вашата нарачка се испраќа со брза курирска служба.
– За нарачки направени до 10 часот, пратката ќе биде доставена на следниот работен ден.
– За нарачки направени по 10 часот, пратката ќе биде доставена во рок од 2 работни дена.

Цена на испорака

За нарачки во вредност до 2000 денари, цената на испорака е 130 денари.
За нарачки во вредност над 2000 денари, испораката е бесплатна.